Алкалоид го освои ракометниот Суперкуп

од Milan1
41 прегледи

Ракометарите на Алкалоид го освоија пехарот во Супер Купот на Македонија откако вечерва во Гевгелија го надиграа актуелниот шампион Е.Пелистер со 33-30.

Скопскиот тим заслужено дојде до нов трофеј во нашиот ракомет, односно уште еден по оној во Купот на Македонија пред неколку месеци.

Избраниците на Кирил Лазаров подобро се снајдоа во вториот дел на првото полувреме и на одмор заминаа со плус пет поточно 19-14.

„Зелено-белите“ воедно останаа и без капитенот Кузмановски кој заработи црвен и син картон по ударот со лакт во дуелот во Карасманакис.

Одлична партија на голот на Алкалоид имаше Кизиќ, Костески пак беше прв стрелец со осум реализации. Најефикасен на другата страна беше Кузмановски со пет гола иако играше само во првото полувреме.

Слични содржини