„Алкалоид“ – Симбол на доверба и посветеност: Најпосакуван работодавач за 2024 година

од Љубиша Владимиров
11 прегледи

Компанијата „Алкалоид“ АД Скопје по трет пат последователно ја доби титулата најпосакуван работодавач за 2024 година, според националната анкета спроведена од веб-порталот „Вработување.ком“. На свечената церемонија организирана од „Вработување.ком“, беа доделени признанија за најдобрите компании во повеќе категории, врз основа на гласовите на граѓаните и работната сила од цела земја.

„Оваа награда претставува значајно признание за нашиот континуиран труд и заложба за градење позитивна и поддржувачка работна атмосфера. Во „Алкалоид“ веруваме дека клучот за успехот се луѓето – нивната стручност, ентузијазам и посветеност. Нашата компанија постојано вложува во развојот на вработените, создавајќи услови за професионален напредок, соработка со образовни институции и активна поддршка на заедницата. Посветени сме на развивање организациска култура што се темели на високи етички и професионални стандарди, иновација и визија. Нашата цел е да продолжиме да бидеме прв избор за младите и амбициозни луѓе кои ја гледаат својата иднина во стабилна, модерна и одговорна компанија“, велат од „Алкалоид“.

Слични содржини