Алкараз се откажа од Монте Карло

од Симе Стоиков
166 прегледи

Шпанскиот тенисер Карлос Алкара се повлече од Мастерсот во Монте Карло.

Шпанецот не успеа да се опорави од повредата со која се здоби од турнирот во Мајами.

„Работев во Монте Карло и се обидував до последен момент да се опоравам од повредениот мускул на десната рака, но не беше можно и не можам да играм! Навистина се радував на тоа… Се гледаме следната година“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Алкарас и оваа година нема да игра на овој Мастерс, бидејќи минатата сезона исто се повлече од првиот турнир на земја, а сега големо прашање е како оваа повреда ќе се одрази на остатокот од сезоната.

Алкараз беше пријавен за турнирот во Барселона, а сега неговиот настап на тој турнир е доведен во прашање.После следуваат Мастерсот во Рим и Мадрид.

Слични содржини