„Ало момче, прекини“: Урнебесно ВИДЕО од седница во собранието на Република Српска

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Минатата недела во Бања Лука се одржа конститутивната седница на новото свикување на Народното собрание на Република Српска, а поради чудниот начин на комуникација со претставниците, видео снимките на спикерката Наташа Радуловиќ станаа хит во регионот.

Радуловиќ, инаку член на Алијансата на независни социјалдемократи (СНСД) на Милорад Додик, како најстар претставник на Народното собрание на Република Српска, беше назначена на чело на парламентот на ентитетот на босанските Срби до именување на нов претседавач.

Нејзината премиерна сесија остана запаметена токму по нејзиното однесување, а помалку по дискусијата која падна во втор план, пренесува N1.

Имено, Радуловиќ на прилично бизарен начин им се обрати на претставниците на опозицијата, особено на Небојша Вукановиќ и на неговиот сопартиец Ѓорѓе Вучиниќ, говорејќи им „ало, момче, прекини“ и слично.

„Лутете се колку сакате, ќе ве прекинам. Зборуваме за кандидатот за претседател на Собранието. Не зборуваме за кражба или избори или нешто друго, а пред малку ве слушав и толку убаво зборувавте“, му рече таа на Игор Црнадек, кој ја спомена кражбата на гласови на неодамна одржаните избори во Босна и Херцеговина.

Во продолжението на седницата, Радуловиќ неколкупати ги повика претставниците на кои им се обраќаше со „ти“, да бидат „достоинствени“.

„Биди достоинствен денеска, ова е свечена седница, ќе има можност да се тепаме“, рече таа по што сите заедно дадоа заклетва.

Откако Вукановиќ во една од расправите ѝ кажал дека не може да му го одземе зборот, Радуловиќ го прекина.

„Добро е, се разбравме, не можам, ти отиде од лево кон десно, треба да одиш право, ќе го направиме тоа подоцна“, рече таа.

Слични содржини