Алонсо го избира Баерн пред Ливерпул

од Симе Стоиков
357 прегледи

Чаби Алонсо направи голем „бум“ со Баер Леверкузен оваа сезона и се најде на чекор од ставање крај на децениската доминација на Баерн Минхен.

Како резултат на тоа, интересот за неговите тренерски услуги вртоглаво порасна. Секако, меѓу првите е Баерн, кој сака да „собере“ се што вреди во Германија.

Исто така, неговиот поранешен клуб Ливерпул е долго време во ред, откако Јирген Клоп најави дека си заминува од „Енфилд“ на крајот од сезоната.

Сепак, како што пишува „Скај Спортс“, Алонсо повеќе би сакал да замине во Баерн и да остане во Бундес лигата, отколку во Премиер лигата.

Судејќи по коментарите на мрежите, не се мал бројот на оние кои искрено би биле изненадени од ваквата одлука на Алонсо. На осум кола до крајот, Леверкузен има 70 бода, 10 повеќе од Баерн.

Слични содржини