Членовите на Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од Меѓународниот републикански институт (ИРИ) застануваат против воената агресија на Руската Федерација врз Украина.
-Како членови на Институтот, но и доаѓајќи од политички партии и граѓанскиот сектор го осудуваме бескрупулозното прекршување на меѓународното и човековите права и повикуваме на прекинување на огнот веднаш!Веќе се забележуваат еден милион бегалци од Украина како последица на ивазијата на Русија, илјадници жртви, загубени цивилни животи и економски последици кои дополнително ќе се влошуваат, велат од АЛПИ.
Оттаму повикуваат на итен прекин на огнот и решавање на сите проблеми преку дупломатија и разговори, со цела како што велат независноста и автономијата на државите да бидат почитувани.
-Членовите на АЛПИ преку свој личен ангажман, како и преку субјектите кои ги застапуваат ќе се залагаат за помош на настраданите од Украина, а преку своето секојдневно делување ќе повикуваат на мир и толеранција, велат од АЛПИ.