Alpine Alpenglow Hy4

од Vladimir Zorba
585 прегледи

Alpine го претстави Alpenglow Hy4 на водород, еволуција на концептниот автомобил Alpenglow од 2022 година.

Според компанијата, Alpenglow ја отелотворува визијата на брендот за спортски автомобили Alpine од групацијата Renault. Нивната иднина е спортска, а концептниот ултра спортски автомобил Alpenglow илустрира какви ќе бидат моделите на Alpine на утрешницата – и на пат и во конкуренција.

Alpine тврди дека моторот со внатрешно согорување на водород е „исклучително ветувачко решение“.

Како што се вели во соопштението, Alpenglow е повеќе од концепт автомобил, тој е вистинскиот израз на брендот, камен-темелникот на неговите амбиции и стратешки планови.

Alpenglow („Алпски сјај“) се однесува на светлосен феномен во кој хоризонтална низа на црвена светлина се појавува на планините пред изгрејсонце и по зајдисонце.

Alpenglow Hy4 е придвижуван од 2.0-литарски четирицилиндричен турбо мотор кој развива 340 КС. Има и три резервоари за водород, како и секвенцијален менувач.

Alpine исто така работи на поголем мотор, целосно нов V6 кој е развиен специјално за водородни апликации. Следната варијанта, најверојатно наречена Alpenglow Hy6, ќе има премиера кон крајот на 2024 година.

Во меѓувреме, Hy4 ќе се појави на патеката наскоро. Своето јавно деби ќе го има за време на шестчасовната трка на издржливост Спа-Франкошамп како дел од сезоната на FIA WEC во 2024 година.

Тој потоа ќе замине за Франција за да присуствува на 24 часа Ле Ман, закажан за 14-ти и 15-ти јуни.

Alpenglow Hy4 се разликува од оригиналниот концепт Alpenglow од 2022 година по дотерување на каросеријата (автомобилот е малку повисок од претходно и има преработен аеродинамичен пакет), заедно со изменета структура на судир.

Слични содржини