Алтернатива: Централното собрание на партијата донесе одлука за реформирање на партијата

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Синоќа Централното собрание на партијата одржа состанок на кој се дискутираше за последните парламентарни избори и го усвои извештајот на Централниот изборен штаб.

Покрај тоа, Централното собрание на Алтернатива констатирало дека изборниот процес бил успешен за коалицијата Алтернатива и Алијанса за Албанците, иако останува констатацијата дека „самиот изборен процес е далеку од посакуваното поради бројните манипулации, за кои јавноста веќе е запознаена“.

Централното собрание дискутирало и за посветеноста и успешноста во работата на партиските структури и во оваа прилика заклучи дека повеќето партиски структури биле на својата должност, а со цел да се консолидираат структурите што покажуваат потреба од дополнувања, се задолжи Претседателот на партијата да го спроведе процесот на реформирање на партијата, што подразбира освежувања од Централното претседателство и се протега до локалните партиски структури.

Овој процес ќе се одвива во следните неколку месеци, а за деталите за ова реформирање и реорганизација, во текот на оваа недела Претседателот ќе организира брифинг со новинарите, за подетално да ги информира за овие моменти.