Алтернатива за Германија е под притисок поради сомневања за шпионажа. Партијата редовно поставува прашања за критичната инфраструктура во Тирингија – вклучувајќи одбрана од беспилотни летала, полициска технологија и логистика на Бундесверот.
Министерот за внатрешни работи на покраината, Георг Мајер, ја обвини Алтернатива за Германија за шпионажа. Според него, AfD го злоупотребува своето парламентарно право на истрага за собирање чувствителни податоци – веројатно во име на Русија.
„Впечатокот е дека AfD извршува список на задачи што ѝ ги доверил Кремљ“, изјави Мајер за весникот Ханделсблат. Само во последната година, партијата поднела 47 вакви барања поврзани со транспортот, енергетиката, водоснабдувањето и дигиталната инфраструктура.
Слични случаи се пријавени и во Бундестагот. Претседателот на парламентарниот комитет за надзор на разузнавањето, Марк Хенрихман, исто така се сомнева во шпионажа. Тој тврди дека Русија го користи своето влијание во парламентот, особено преку AfG, за да добие пристап до чувствителни информации.
Сепак, партијата категорично ги негира обвинувањата. Нејзиниот парламентарен лидер, Бернд Бауман, ги опиша како „луди и политички мотивирани сомневања“.