Сем Алтман, извршен директор на компанијата за вештачка интелигенција Open AI, ги предупреди корисниците на популарната алатка ChatGPT да размислат двапати пред да ја користат како замена за терапевт, бидејќи законот сè уште не обезбедува заштита на приватноста кога станува збор за разговори со вештачка интелигенција.
„Луѓето ги споделуваат најинтимните работи од својот живот со ChatGPT. Младите луѓе особено го користат како терапевт, како животен тренер… прашувајќи го како да ги решат своите љубовни проблеми“, рече Алтман во поткастот на комичарот Тео Вон.
Тој предупреди дека приватните разговори со терапевт се законски заштитени, што не важи за комуникација со вештачка интелигенција, објави Tech Crunch.