Алжир е првата африканска земја што регистрирала руската вакцина „Спутник V“, против коронавирус, се наведува во соопштението на официјалнииот профил на вакцината на Твитер.
Министерството соопшти дека вакцинирањето требало да започне во јануари.
Рускиот фонд за директни инвестиции изјави дека регистрацијата е извршена во забрзана постапка.
Според слична постапка, вакцината Спутник В претходно беше регистрирана во Аргентина, Боливија и Србија.
Испораките со вакцини во Алжир ќе бидат обезбедени благодарение на меѓународните партнери на Фондот во Индија, Кина, Јужна Кореја и други земји.
Генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев изјави дека Фондот ја поздравува првата регистрација на вакцината „Спутник V“ во Африка.
– Испораката на вакцината во Алжир ќе овозможи да се заштити здравјето на граѓаните на Алжир и ќе обезбеди целосно економско закрепнување – додаде тој.
Вакцината Спутник V, произведена од Институтот за научно истражување Гамалеја во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство, со што стана првата регистрирана вакцина против вирусот корона во светот.