Амал и Џорџ Клуни во ноќно излегување: Адвокатка воодушеви со елегантна креација (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
635 прегледи

Осумдесетиот Филмски фестивал во Венеција ќе се одржи од 30 август до 9 септември.

Филмскиот фестивал во Венеција собра бројни познати личности, меѓу кои и Амал и Џорџ Клуни.

Популарната двојка прво ги воодушеви присутните со елегантно издание за време на романтичен состанок во еден од најромантичните градови на светот.

Меѓутоа, Џорџ Клуни и неговата партнерка Амал ги воодушевија сите и на ноќното излегување, кога атрактивната адвокатка заслепуваше во смарагдно зелен фустан со свилени детали и длабок шлиц кој ја истакна нејзината витка фигура.

Амал Клуни ја пушти долгата коса на природни бранови додека со чамец го напушташе ресторанот „Да Иво“ со својот сопруг.

Познатиот актер изгледаше елегантно и отмено во тегет одело.

Амал и Џорџ Клуни пристигнаа во Венеција во вторникот во хотелот „Ципријани“ на Осумдесетиот Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде што ќе биде прикажан филмот The Boys in the Boat на Клуни.

Слични содржини