Амал Клуни љубоморна на Џулија Робертс: „Се сомнева дека има уште нешто“

од Stefanija Kuzmanovska

Додека Џулија Робертс снима филм со Џорџ Клуни, неговата сопруга Амал Клуни не е баш најсреќна поради тоа. Како што тврди неименуван извор, Џулија не дозволува никому да ги посетува на снимањето, ниту на Амал и нивните близнаци.

Сепак, наводно, Амал е дополнително вознемирена и изнервирана затоа што не ја сака премногу Џулија, токму поради силната хемија што ја има со Клуни.

Додека Џорџ е возбуден што повторно работи со Џулија, Амал е вознемирена што мора да се држи настрана од сетот.

„Џорџ не сака да дојде Амал затоа што не сака неговата сопруга и децата да патуваат за време на пандемијата, но Амал се сомнева дека има уште нешто. Никогаш не ѝ било пријатно во друштво на Џулија“, тврди изворот.

Интересно е и тоа што веќе некое време се шпекулира дека бракот на Џулија со Даниел Модера е во криза.

Слични содржини