„АМАЗОН“ им нуди неделен бонус од 50 фунти на работниците во Обединетото Кралство, доколку дојдат на работа на време, објави Би -Би -Си во четвртокот.
Наградата важи за работници кои работеле секој ден, без боледување или „Ковид-19“.
„Амазон“ вели дека наградата ќе и помогне на компанијата да ги исполни своите летни и божиќни деловни цели.
Онлајн гигантот за малопродажба минатата недела понуди бонус од илјада евра за работниците во складиштето кои започнуваат со работа пред 18-ти септември.
Се нудат стимулации во време кога британскиот пазар на труд закрепнува, поради што бројот на слободни работни места во август беше на рекордно високо ниво.
„Во моментов нудиме бонус за доаѓање на голем број локации на вработени со полно работно време кои ќе ја поддржат нашата летна побарувачка и ќе ни помогнат да се подготвиме за сезоната на празници“, рече портпаролот на „Амазон“.
Бонусот ќе се плаќа неделно врз основа на 100 проценти присуство во сите смени, освен за отсуства според Законот за еднаквост или неприсуство поврзано со „Ковид-19“.
„Амазон“ се соочи со критики за лошите услови за работа во Британија и во други делови на светот, а некои поранешни работници ја обвинија компанијата дека ги третира како роботи.
Некои индустрии во Британија се борат со недостаток на работна сила, главно возачи.
Ланецот супермаркети „Теско“ им нуди бонус од 1.000 фунти при потпишување договори за вработување, а синџирот стоковни куќи „Џон Луис“ планира да ги зголеми платите.
Месната индустрија дури сака да ангажира сегашни и поранешни затвореници за да пополнат слободни работни места во кланици и фабрики за преработка на храна.