Семејство од градот Бафало се бори веќе неколку дена, а на нивната врата доаѓаат пакети силиконски додатоци за маски за лице од непознат извор.
Лилијан Канан, мајка на четири деца и претприемач, најпрво стигна до локалните, а потоа и светските медиуми, поради многу невообичаен случај на доставување пакет на погрешна адреса. Имено, на почетокот на неделата пакети од „Амазон“, кои таа не ги порачала, почнаа да пристигнуваат пред нејзината врата, најпрво една по друга, а потоа и со палети и големи камиони за испорака.
Стотици пакетчиња ја „закопаа“ нејзината куќа, локалните медиуми ја пренесоа приказната, а таа станува сè побизарна секој ден. Откриено е, имено, дека пакетите дошле од непознат извор и дека сите освен една имаат иста содржина – имено, г-ѓа Канан добила десетици илјади силиконски додатоци за маски за лице. Сите пакети се упатени на нејзината адреса, но не и на нејзиното име, па дури и „Амазон“ не може да открие од каде се испратени (?!). Како резултат, таа стана сопственик на несакани пакети на додатоци за маски.
Buffalo NY woman inundated with hundreds of unordered packages – who sent them & why? https://t.co/zVkmlToYKE #Jillian Cannan #Amazon #UPS
— Scallywagandvagabond (@ScallywagNYC) June 19, 2021
Бидејќи не знаела што да прави со нив, а вистинскиот сопственик или оној што ги испратил не одговорил, таа решила да ги донира. Овие додатоци се во големини за возрасни и деца и служат за полесно дишење и зборување под маска за лице или за да не се размачка карминот. На крајот, со помош на клиентската поддршка на „Амазон“, таа успеа да ја запре испораката на повеќе од илјада пакети што и беа на пат, а овие постоечки ќе ги донира во детски болници.