„Amazon“ го надмина „Apple“ и стана најскапиот бренд во светот

од Vladimir Zorba
290 прегледи

Интернет гигантот „Amazon“ стана најскапиот бренд во светот. Ова го велат податоци од рангирањето на американската агенција „Brand Finance“, која се занимава со бизнис проценки.

Вредноста на брендот „Amazon“ се зголемила за 42% за 12 месеци, достигнувајќи 150,8 милиони долари. На тој нaчин плaтфopмaтa ycпеа дa го измecти „Аррlе“ за прв пат по 5 гoдини како бренд бр. 1 во cвeтот.

Значителен дел од ова зголемување беше поттикната од големиот раст на бизнисот со облак – „Amazon Web Services“.

Друг важен фокус во извештајот на „Amazon“ е дека бројот на претплатници на неговата премиер услуга е значително зголемен. Повеќе нови платени членови се приклучија кон „Prime“ во 2017 година отколку во претходната година, а само минатата година повеќе од пет милијарди предмети биле доставени со „Prime“ низ целиот свет.

Меѓутоа, она што веројатно би можело да ја задржи вредноста на „Amazon“ е темпото со кое ќе се трошат парите. Се очекува компанијата да потроши повеќе од 4 милијарди долари за создавање на содржина за услугата „Prime TV“, бидејќи продолжува да се натпреварува со „Netfliх“.

Слични содржини