„Амазон“ и „Епл“ се казнети со вкупно 194 милиони евра бидејќи се здружиле за да ги исфрлат конкурентите фаворизирајќи ја продажбата на производите на „Епл“ директно од онлајн гигантот за малопродажба, објави „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на соопштение на шпанската антимонополска агенција.
Двете компании постигнаа договори во 2018 година со кои се ограничува слободната конкуренција од трети продавачи кои продаваат стоки на „Епл“ преку платформа на „Амазон“ за помали продавачи, според шпанската Национална комисија за пазари и конкуренција, која ги надгледува шпанските пазари за прекршување на антимонополските права.
Spain’s antitrust regulator has imposed fines worth a total of €194.1 million ($218 million) on Amazon and Apple for colluding to restrict competition on the Amazon website in Spain https://t.co/6PPQc1XwMC
— CNN (@CNN) July 19, 2023
Технолошките гиганти, исто така, го ограничија капацитетот на трети страни да ги рекламираат производите на „Епл“ на „Амазон“, соопштија шпанските регулатори.
Дополнително, компаниите се обвинети дека постигнале договор кој ја ограничил способноста на „Амазон“ да ги таргетира клиентите на производите на „Епл“ или да им нуди производи од конкурентските производители на електроника.
„Епл“ е казнет со 143,6 милиони евра, додека „Амазон“ со 50,5 милиони евра.
Двете компании најавија жалби.