„Амазон“ може да надмине 500 милијарди долари приход

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Американскиот гигант за малопродажба „Амазон“ може да постави нов деловен рекорд оваа година и да надмине приход од 500 милијарди долари, што претставува годишен раст од околу 30 проценти, според платформата „Trackr“.

Патем, „Амазон“ ја заврши 2020 година многу успешно, достигнувајќи 386 милијарди долари приход. Компанијата успеа да го зголеми профитот за скоро 38 проценти и се очекува да продолжи да расте со тоа темпо и оваа година.

Како што е соопштено, „Амазон“ успеа да ја обезбеди својата лидерска позиција во сегментот за е-трговија благодарение на фактот дека „локдаунот“ ширум светот поради епидемијата на коронавирусот значително го зголемија интересот на потрошувачите за купување преку Интернет, но и фактот дека „Амазон“ постојано работи да се решат недостатоците во испораката и логистиката.

„Амазон“ сега има повеќе од 200 милиони посетители месечно, а членството во Prime се очекува да надмине 153 милиони во 2022 година (во споредба со 142,5 милиони во 2020 година), што создава совршени услови за напредок на „Амазон“, според „Trackr“.

Исто така, секоја година повеќе од милион нови продавачи доаѓаат на оваа платформа. Ова се објаснува со податоците дека 85% од продавачите на „Амазон“ се профитабилни, што генерира повеќе од половина од приходите на „Амазон“ од 386 милијарди долари, што беа реализирани во 2020 година.

Слични содржини