Amazon започна теренски испитувања со роботи за испорака (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Онлајн трговецот Amazon го заврши развојот на нов систем за испорака на стоки, дел од која е мал автономен автомобил наречен Scout, способен да се движи по тротоари.

Оваа недела роботот започна да ги испорачува нарачаните од клиенти на Amazon стоки во округот Снохомиш, државата Вашингтон. За да ги искористи услугите на новиот роботски курир, клиентот не треба да прави ништо повеќе од тоа да ја пополни стандардната нарачка.

Во моментов паркот од Scout роботи на Amazon е мал – брои едвај 6 машини кои испорачуваат нарачки во текот на денот и само во работни денови.

Scout целосно самостојно ќе ја следи својата рута на испорака, но првично секоја машина ќе биде придружена од вработен на Amazon, кој треба да се увери дека роботот поминува безбедно покрај пешаците, домашните животни и објектите на патот.