„Амазон“ започнува испораки со помош на дронови

од Vladimir Zorba
244 прегледи

„Амазон“ планира да започне со испорака на некои од купените артикли со помош на дронови кон крајот на оваа година, објави американскиот гигант за е-трговија.

Ривалскиот трговец „Волмарт“ веќе нуди испорака со дрон, а во мај објави дека користењето на оваа услуга драстично скокнало, па до крајот на годината ќе биде проширена во шест земји, со потенцијал за испорака на милион пакети годишно.

„Амазон“ го избра градот Локфорд, во северниот дел на Калифорнија, за да ја започне својата програма. Клиентите ќе можат да аплицираат за оваа услуга бесплатно, објави компанијата, пренесе АФП.

Компанијата наведува дека нарачаните артикли кои можат да се транспортираат по воздушен пат ќе бидат спакувани, транспортирани со дрон до адресата за испорака и дека пакетот потоа ќе се откачи од безбедна висина. Дронот потоа се враќа во својата база.

Компанијата забележува дека развила софистициран систем, кој им овозможува на нејзините дронови да откриваат и избегнуваат авиони, луѓе, домашни миленици и други пречки.

Слични содржини