Амбасада на САД во Македонија ја поздрави акцијата „Ќелија“ на МВР

од desk3
83 прегледи

Амбасадата на САД попладнево преку соопштение ја поздрави акцијата што ја споведоа изутрината Министерството за внатрешни работи против лица за кои постојат сомневања дека се терористи и дека помагаат тероризам.

сад амбасад ск

– Информирани сме дека оваа операција беше резултат на една долготрајна и внимателна истрага од страна на полицијата, разузнавачките служби и Канцеларијата на јавниот обвинител, и тоа во согласност со новите македонски закони против тероризам. Ја поддржуваме Владата што користи кривично-правни постапки за да се запре приливот на терористички борци во конфликтните региони, за да се сосече напливот на насилство, и за агресивно да се спротивстави на насилниот екстремизам, се вели во соопштението.

Според Амбасадата на САД, денешната акција претставува придонес кон регионалните и глобалните напори да се стави крај на злото на тероризмот. – Како што секретарот Кери изјави: „Секоја држава може да одигра улога” во напорите да се запре и порази ИСИЛ. Соединетите Држави се посветени да им помогнат на Македонија и на другите држави во регионот и во светот во нивните напори да се борат против ИСИЛ. Како што претседателот Обама кажа во Обединетите Нации минатиот септември, оние кои се посветени на оваа итна работа, ќе најдат силен и стабилен партнер во Соединетите Американски Држави, наведува во соопштението Амбасадата на САД во Македонија./МИА