Амбасадата на САД во Русија ги предупреди американските граѓани да избегнуваат големи собири во Москва поради извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови за напад, пренесува „Ројтерс“.
Амбасадата на САД, која постојано ги повика сите американски граѓани веднаш да ја напуштат Русија, не сподели повеќе детали за природата на наводната закана, но предупреди дека Американците треба да ги избегнуваат толпите и собороте и да бидат свесни за својата околина, наведува Ројтерс.
„Амбасадата ги следи извештаите дека екстремистите имаат непосредни планови да таргетираат големи собири во Москва, вклучително и концерти, а на граѓаните на САД им се препорачува да избегнуваат големи собири во следните 48 часа“, се вели во соопштението на американската амбасада објавено на нејзината веб-страница.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во четвртокот спречи терористички напад на украинските специјални служби во кој навпднп учествувал и државјанин на Белорусија во Руската Република Карелија кој бил неутрализиран откако отворил оган врз членовите на ФСБ, соопшти Центарот за односи со јавноста.
Се посочува дека во деловите од импровизираната експлозивна направа имало делови произведени во Велика Британија и САД.
Кремљ објави дека односите меѓу Москва и Вашингтон никогаш не биле полоши и дека САД се борат против Русија поддржувајќи ја Украина со пари, оружје и разузнавачки информации.
Претходно вчера, руското Министерство за надворешни работи ја повика амбасадорката на САД, Лин Трејси, за да ја предупреди дека американските дипломати кои работат во Русија, а кои би сакале да соработуваат со одредени невладини организации (НВО) кои Москва ги назначи како непожелни, може да бидат протерани од земјата.
На амбасадорката Трејси ѝ беше врачена формална нота во која се бара Амбасадата на САД да ги прекине сите врски со овие забранети групи.