Амбасадата на САД предупреди: Размислете за евакуација од Русија

од Nikola Popovski
311 прегледи

Американската амбасада во Русија синоќа ги предупреди американските граѓани во таа земја да ги разгледаат плановите за евакуација поради, како што наведоа, заканите за напади во Москва и долж руската граница со Украина, што предизвика критики од руското Министерство за надворешни работи.

Постојат закани за напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за јавни собири во поголемите урбани области, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург, како и во областите на зголемени тензии долж руската граница со Украина, се наведува во соопштението на Амбасадата, кое го пренесе Ројтерс.

„Размислете за вашите лични безбедносни планови… Имајте планови за евакуација кои не се потпираат на помошта на американската влада“, додаде амбасадата.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова праша дали САД и дале информации на руската страна за можни напади на нејзина територија.

„Ако не, како да се разбере сето ова?“, праша Захарова.

Слични содржини