Амбасадата на САД во Тирана објави видео за тоа како БКХ ќе ја истражува корупцијата на највисоко ниво

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Американската амбасада во Тирана денеска објави уште едно анимирано едукативно видео, овој пат за тоа како Националното биро за истраги, или БКХ и специјалните обвинители ќе можат да ја истражуваат корупцијата на највисоко ниво.

Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на американската амбасада.

Според амбасадата, оваа многу важна струкура е слична на американското Федерално истражно биро(ФБИ) и ќе таргетира високи функционери во земјата за истрага.

– Оваа недела ќе зборуваме за Националното биро за истраги, или БКХ накратко. Што е БКХ? Зошто е важно БКХ? Погледнете го ова видео за да дознаете како БКХ и Специјалните обвинители ќе можат да ја испитуваат корупцијата на највисоко ниво. Која е реформата во правосудството? Стоп на корупцијата! пишува на постот на фејсбук на кој е и видеото.

Амбасадата на САД претходно објави три анимирани едукативни видеа.

Во првото дава објаснување за значењето на процесот „ветинг“ а во второто на граѓаните им објаснува како се врши избор на судии за Уставниот суд и како функционира оваа институција.

Во третто едукатвно видео зборува за СПАК – Специјална структура против корупција и организиран криминал што е нова уставна институција чија задача е да истражува и кривично да ја гони корупцијата, организираниот криминал и да ги расветлува кривичните дела извршени од страна на службени лица на високо ниво. Се објаснува дека СПАК се состои од два дела: Специјално обвинителство кое се состои од обвинители и Национално биро за истраги кое го сочнуваат истражители.

Слични содржини