Амбасадите на Израел ширум светот добија инструкции да се приклучат на денешниот штрајк против судските реформи на премиерот Бенјамин Нетанјаху, се вели во писмото на синдикатот во кое „Ројтерс“ имал увид.
Во писмото се наведува дека „активностите на министерството за надворешни работи во земјава и во странство ќе бидат ограничени само на итните услуги“.
Синдикатите повикуваат на генерален штрајк
Израелската синдикална организација Хистадрут повика денеска на генерален штрајк среде масовните протести против судските реформи. Штрајкот ќе започне доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху не објави дека се откажува од планираната реформа, соопшти синдикалната организација.
Нетанјаху преку Твитер ги повика демонстрантите и нивните противници да се воздржат од насилство.