Амбасадорката Дир до почесниот конзул: Ја претставувате Украина, која на бојното поле ги штити животите на своите граѓани, својата сувереност и европските вредности

од Stefanija Kuzmanovska
280 прегледи

По повод отворањето на почесниот конзулат на Украина во Прилеп, Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н. Е. Лариса Дир, во својот поздравен говор го претстави Сашо Наумоски, кому му беше доделена честа да биде именуван за Почесен Конзул на Украина во Прилеп.

Како што истакна Дир, особена чест претставува тоа што токму таков човек ќе ја посвети својата енергија и знаење на извршување на функциите на Почесниот Конзул на Украина, имајќи го предвид фактот дека од моментот на инвазијата од големи размери на рф во Украина, г-дин Сашо уште од првите денови ѝ помага на Украина.

Дир посочи дека за време на војната на русија против Украина, заштитата на интересите на Украина, граѓаните на Украина и нејзините правни лица во земјата домаќин во границите дозволени со меѓународното право не е лесна задача.

Вие ќе го претставувате украинскиот народ, кој веќе триста педесет и деветти ден се бори за своето право на живот, територијална независност и правото да остане суверена држава во нејзините меѓународно признати граници, нагласи Дир.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Слични содржини