Амбасадорката на САД во ОН: Америка не го спречува извозот на руски житарки

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Соединетите Држави се подготвени писмено да ги уверат транспортните и осигурителните компании дека руското жито и ѓубрива не се под американски санкции со цел да помогнат во олеснувањето на извозот на овие стоки, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд.

Таа истакна дека руското жито и ѓубриво не се под американски санкции, пренесува Ројтерс.

Томас-Гринфилд изјави дека „компаниите се малку нервозни“ и изрази подготвеност да им испратат писмени гаранции доколку тоа ќе им помогне да ги охрабрат.

Слични содржини