Амбасадорката на САД во С.Македонија, Кејт Мери Бернс на својот твитер профил ги осуди насилствата во американскиот Конгрес во Вашингтон.
„Благодарна сум за изразите на грижа и поддршка од пријателите и партнерите во Северна Македонија кои ја пренесоа својата верба во силата и отпорноста на американската демократија. Знам дека од ова ќе излеземе посилни и оти доаѓаат подобри денови“, вели Бернс на својот твитер профил.
Исто така, таа потенцира и дека не може да има изговор за еден ваков акт на политичко насилие, каков што беше случајот со нападот врз Капитол хил пред два дена.
„Претставува утеха што овие акти на насилство беа осудени ширум САД и во светот и само по неколку часа, нашиот Конгрес го потврди изборот на Бајден како иден претседател на САД, а претседателот Трамп вети уредна и беспрекорна транзиција на власта на 20 јануари“, додава Бернс.
Пред два дена толпа поддржувачи на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во американскиот Конгрес, при што животот го загубија пет лица.