180
Американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк, денеска оцени дека најавените референдуми во четири украински региони и делумната мобилизација во Русија се знаци на слабост и неуспех на Русија и порача дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.
„Лажните референдуми и мобилизацијата се знаци на слабост и руски неуспех“, напиша Бринк на Твитер.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска нареди прва мобилизација во Русија по Втората светска војна и го предупреди Западот дека Москва ќе одговори со моќта на својот огромен воен арсенал доколку продолжи со, како што рече, „нуклеарната уцена“, пренесува „Ројтерс“.