167
Естонскиот амбасадор Маргус Лајдре ќе мора да ја напушти Русија на 7 февруари 2023 година, се вели во соопштението на руското министерство за надворешни работи, пренесува „Спутник“.
„Естонскиот амбасадор Маргус Лајдре беше повикан во министерството за надворешни работи на Русија на 23 јануари, каде му беше врачен остар протест против постапките на естонските власти. Амбасадорот на Република Естонија треба да ја напушти Руската Федерација на 7 февруари 2023 година“, соопшти руското МНР.
Ова е одговор на радикалното намалување на составот на руската амбасада во Талин, објаснуваат од МНР, нагласувајќи дека целата одговорност за развојот на ситуацијата е целосно на естонската страна.