Легендарниот пејач Аки Рахимовски вчера за последен пат беше испратен на загрепски Мирогој во Алејата на великаните.
Од министерството за надворешни работи информираат дека на погребот присуствувал амбасадорот на нашата држава во Загреб.
-Во врска со објавените информации дека на погребот на еден од најпопуларните музичари, Аки Рахимовски вчера во Загреб, немало претставник од Република Северна Македонија, би сакале да информираме дека амбасадорот на нашата држава во Загреб, Миљаим Фетаи присуствуваше на погребот, изразувајќи почит кон дејството на познатиот музичар, при што положи и венец, соопштија од МНР.
Оттаму додаваат дека знамето со кое биле покриени посмртните остатоци на нашиот голем уметник,било обезбедено од Амбасадата.
Вчера на погребот се собраа бројни пријатели и колеги и членови на семејството. Емотивниот говор на неговата ќерка Дина расплака многумина.