Амбер Алерт Европа стартува: Проверете, размислете, пријавете

од Илинка Илиоска
395 прегледи

Министерството за внатрешни работи ќе биде дел од кампањата Амбер Алерт Европа која има за цел да ја подигне јавната свест за брзата реакција во случај на пријава за исчезнато дете, а која ќе биде активна во 16 држави и на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца.

Кампањата го носи слоганот „Проверете. Размислете. Пријавете“, а учесниците во неа велат дека оваа иницијатива насочена кон родителите и негувателите, овозможува сеопфатни совети „чекор-по-чекор“ што да прават во случај на исчезнато дете.

Годишно, илјадници семејства ширум  светот ја доживуваат траумата од исчезнато дете.

Па затоа заедничкиот став е дека во такви моменти, информираноста какви чекори да се преземат е многу важна.Европски центар за исчезнати деца е фондација која се стреми да ја унапреди заштитата на исчезнати деца и да превенира исчезнување на деца преку нивна едукација и создавање свест за темата.

Амбер Алерт Европа поврзува експерти од над 45 владини организации, попрецизно министерства за внатрешни работи и полиции и невладини организации од 28 земји со крајна мисија нула исчезнати деца во Европа.

Повеќе информации за кампањата и совети за реагирање во случај на исчезнато дете погледнете на овој ЛИНК..

Слични содржини