Амбер Херд бара поништување на пресудата

од Stefanija Kuzmanovska

Амбер Херд побара од судијата во Вирџинија да ја поништи нејзината изгубена пресуда во тужбата за клевета поднесена од нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, тврдејќи дека доказите се неважечки, пишува NY Post.

Адвокатите на Амбер Херд, која беше прогласена за виновна за три тужби за клевета поднесени од Деп, во предлог од 43 страници тврдеа дека пресудата за време на вонредното судење на поранешната двојка не била поткрепена со докази.

Адвокатите на Амбер Херд, исто така, тврдат дека „поротникот 15“ можеби бил незаконски избран со давање неточен датум на раѓање при изборот на поротата. Имено, тие тврдат дека е напишана годината „1945“, наместо вистинската година, „1970“.

– Оваа разлика го отвора прашањето дали „поротникот 15“ навистина ја добил поканата за должност поротник и дали судот правилно го потврдил тој да биде член на поротата – се наведува во барањето на адвокатите. Не е познато дали поротникот навистина го разгледувал случајот.

Да потсетиме, Деп ја тужеше својата поранешна сопруга за 50 милиони долари поради написот на „Вашингтон пост“ од 2018 година во кој таа се нарекува себеси жртва на сексуално насилство.

Слични содржини