Иако го загуби судењето против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, актерката не се откажува и повторно го обвини актерот за насилство.
Амбер Херд го даде своето прво интервју по судењето со Џони Деп.
Таа изјавила дека стои зад секој збор што го изговорила на судењето кое траело шест недели и дека на тоа ќе се држи до својата смрт.
„Тој рече дека никогаш не те удрил. Дали е тоа лага?“, праша водителката Савана Гатри, на што Амбер кратко одговори: „Да, е“.
Ова е уште едно јавно обвинување на актерката против Деп, а њујоршката адвокатка Никол Хаф изјави дека со тоа што го кажала му дала материјал на Деп за нова тужба, бидејќи повторно јавно тврдела дека ја злоставувал.
Амбер додаде дека Џони Деп „фантастично глумел“ на сослушувањата.
Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета во написот што таа го напиша за „Вашингтон пост“, тврдејќи дека била жртва на семејно насилство. Иако во текстот не го навела неговото име, јасно е дека мислела на него, што го потврди и на судењето.
Поротата пресуди во корист на Деп.