Амбер Херд по вторпат сведочеше на судењето за клевета, кое го покрена нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп. Судот покажа фотографии направени од актерката за време на нивниот бурен брак.
На фотографиите се гледа актерот кој не е во свесна состојба, а Херд тврди дека тоа било по долгорочна употреба на дрога.
Американската актерка детално го опишала наводното сексуално и физичко малтретирање што наводно го претрпела од Деп. Тврдела и дека ја нападнал бидејќи мислел дека флертувала со жена за време на церемонија.
„Кога стигнавме дома, ме удри во лице. Се сомневав дека ми го скрши носот. Се сеќавам дека носот ми беше отечен, црвен“, рекла Амбер и додала:
„Се чувствував како најсреќната жена на светот кога ме запроси, ми подари прстен со огромен дијамант. Но, почнав да размислувам за предбрачен договор пред се поради фактот што тој заработува многу повеќе од мене, верував дека потпишувањето на предбрачниот договор барем ќе ги отстрани сомнежите. Но тој не сакаше да слушне за тоа. Џони го сфати договорот како навреда, па ми рече: ‘Бејби, веќе планираш да заминеш’“.
Актерката раскажала и за тоа како Џони Деп се дрогирал, па отишол на лекување, а додека бил отсутен постојано ѝ кажувал дека таа носи други мажи во куќата. Во судот вчера беа објавени снимки на кои Деп стенка и не може да зборува.