Амбер Херд на суд призна дека лажела под заклетва, што го направи судењето со Џони Деп уште пошокантно!
Кога Џони и Амбер се разведоа, актерката доби седум милиони долари за да молчи нивната врска, а во 2016 година се заколна дека таа сума ќе ја даде во добротворни цели бидејќи „не ги сака парите на Џони и никогаш не ги сакала“.
Во интервју за холандска телевизија во 2018 година, Амбер потврди дека донирала седум милиони долари, а дека 3,5 милиони добила Американската унија за човекови права (ACLU), а останатите 3,5 милиони Детската болница во Лос Анџелес. Таа ги повтори тие тврдења на суд, под заклетва, во 2020 година.
Но, сега актерката, која го обвини Деп за брутално силување и насилство, призна дека лажела.
„Навистина имам намера да го одржам тоа ветување и би сакала тој да престане да ме тужи за да можам да го сторам тоа. Зедов помалку пари отколку што ми понудија затоа што никогаш не ги сакав неговите пари. Само ја сакав мојата безбедност и мојата иднина, а тој го загрози сето тоа. Сакав да ме остави на мир“, рекла Амбер.
Судските документи наведуваат дека ACLU добила само третина од таа сума од Амбер, или во нејзино име. Половина милион долари дошле од компанијата во сопственост на Елон Маск, со кој таа беше кратко во врска.
Адвокатите на Деп претходно изјавија дека нејзината верзија на приказната дека не ги сака парите на Џони не е точна. По разводот, Амбер побарала од Деп, меѓу другото, да продолжи да користи три од неговите станови во Лос Анџелес без да плати цент кирија.