Амбер Херд поднесе жалба: Бара ново судење против Џони Деп

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Амбер Херд одлучи да поднесе жалба до судот во Вирџинија за да побара укинување на одлуката или целосно ново судење во случајот за клевета против нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, откако пред неколку месеци судот донесе одлука во корист на актерот.

Актерката ја поднела жалбата минатиот месец, а било истакнато дека биле изземени некои нејзини белешки во кои пријавила дека Деп ја малтретирал, што наводно довело до тоа судењето да биде неправедно, пишува „Дејли Мејл“.

Во тужбата на 68 страници се наведува дека судот „неправилно ја спречил поротата да разгледа неколку случаи во кои Херд ја пријавила злоупотребата на Деп на медицински професионалец“.

„Доколку одлуката не се поништи, ќе им отежне на експертите и другите жртви на злоупотреба да ги докажат наводите за злоупотреба и веројатно ќе ги одврати да се изјаснат“, истакнаа нејзините адвокати, нагласувајќи како одлуката може да влијае на другите жртви на злоупотреба, по што додадоа:

„Овој случај, исто така, никогаш не требаше да оди на судење бидејќи друг суд веќе заклучи дека Деп ја злоставувал Херд во повеќе наврати“.

Бранителите на Амбер Херд исто така нагласија дека судењето требало да се одржи во Калифорнија, каде што поранешната двојка се венчала.

Одлука ќе донесе совет од судии, а поранешната двојка ќе има можност да поднесе жалба до Врховниот суд на САД доколку едната од страните не е задоволна.

Слични содржини