Актерката Амбер Херд поднесе жалба од 16 точки против пресудата со која ѝ се наложува да му плати на поранешниот сопруг Џони Деп 15 милиони долари за клевета.
Имено, нејзините адвокати сметаат дека немало доволно јасни докази за злонамерна намера, што е еден од условите што мора да се исполнат за некој да биде осуден за клевета.
Судот, исто така, му нареди на Деп да ѝ плати на Херд два милиони долари, исто така за клевета, а Херд и нејзиниот правен тим се жалат дека отштетата е „неприфатливо неконзистентна“. Тие се жалат и на локацијата на судењето, за кое сметаат дека требало да се одржи на посоодветна локација од Ферфакс, Флорида.
Тимот на Деп сакаше судењето да се одржи таму бидејќи таму е отпечатен весникот „Вашингтон пост“, во кој Херд наведуваше наводи за злоупотреба.
Главниот дел од жалбата е дека правниот тим на Амбер Херд смета дека судот згрешил што му дозволил на Деп да добие отштета врз основа на некои претходни изјави на Амбер Херд.
Тврдат дека требало да ѝ се суди само поради споменатиот напис во „Вашингтон пост“, каде Херд не го спомнала Деп по име, па сметаат дека немало основа тој да го добие случајот на суд.
Appeal documents filed Tuesday. #AmberAppeals #JusticeForAmberHeard pic.twitter.com/8ZfSCWIGoU
— 𝒴𝒪𝒰 𝒜𝑅𝐸 𝐻𝐸𝒜𝑅𝒟 (@iBelieveYouA) October 12, 2022