Актерката Амбер Херд наводно е во преговори да напише книга во која ќе ја раскаже својата страна од приказната.
Извор близок до актерката откри дека таа нема пари и бара начини да ги заработи.
„Амбер ја смета својата кариера во Холивуд за завршена. Таа веќе е во преговори и е возбудена поради тоа. Во овој момент нема што да загуби и сака се да каже“, изјави извор за „ОК Магазин“.
Адвокатот Дрор Бајкец откри дека со објавувањето на оваа книга, Амбер би можела повторно да се соочи со потенцијални тужби.
„Таа треба да биде многу внимателна“, рече адвокатот и додаде:
„Доколку ја премине границата, што е веројатно, нема сомнеж дека ќе биде погодена од уште една тужба за клевета и веднаш ќе заврши на суд.
Инаку, претставниците на актерката за медиумите не ги потврдија ниту ги демантираа написите за книгата.