Еден од најслатките бракови на светот беше бракот на Џејсон Момоa и Лиза Бонет. Џејсон не криеше дека ја обожава својата сопруга и дека практично отсекогаш бил вљубен во неа, па веста за нивниот развод ги фати неспремни сите фанови.
Сега медиумите пишуваат дека зад се стои Амбер Херд. Имено, кружат гласини дека Џејсон Момоа стапил во врска со колешката од филмот „Аквамен“. Аргументот на оние кои стојат зад таа теорија е дека и Џони Деп ја раскинал врската по соработката со Амбер, а своевремено се пишуваше дека Лиза била љубоморна затоа што Амбер флертувала со Џејсон.
Да потсетиме, холивудскиот актер е во брак од 2007 година со својата 12-години постара колешка Лиза Бонет (53), а двојката има и две деца – ќерката Лола (13) и синот Наку-Волф (11).
Амбер Херд, пак, се уште се суди со Џони Деп.