Актерката Амбер Херд во своето прво појавување во јавноста по губењето на тужбата против нејзиниот поранешен сопруг, Џони Деп во случајот за клевета, изјави за NBC дека разбира дека не е „допадлива“ или „совршена“ жртва и дека се уште го сака својот поранешен сопруг и не му замерува за ништо, пренесува Sky News.
Да потсетиме, судот во Вирџинија пресуди дека актерката Амбер Херд го наклеветела нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп, за што е обврзана да му плати отштета од 15 милиони долари, додека тој треба да ѝ плати 2 милиони долари бидејќи судот прифатил некои елементи од нејзината противтужба.
Одговарајќи на прашањата во првиот дел од интервјуто, таа одговори и на прашањето дали сè уште има чувства кон поранешниот сопруг.
– Да, апсолутно. Го сакам. Најискрено го сакав и дадов се од себе за да ја поправам нашата длабоко нарушена врска, но не успеав. Не му замерувам за ништо. Знам дека можеби е тешко да се разбере. Но, може да биде многу лесно да се разбере ако некогаш сте сакале некого. Треба да биде едноставно – рече таа.
Во интервјуто Херд признала и дека стравува дека бившиот сопруг би можел повторно да ја тужи за клевета доколку таа продолжи да открива детали од нивниот живот по судската пресуда. Да потсетиме, Деп упорно ги отфрла нејзините обвинувања за семејно насилство.
.@SavannahGuthrie: "There's a text message where Johnny promises total global humiliation for you. Do you feel like that came true?"
Amber Heard: " … I asked the jury to just see me as human and hear his own words, which is a promise to do this. It feels as though he has." pic.twitter.com/iQuH82OcMI
— TODAY (@TODAYshow) June 15, 2022
Новинарката Савана Гатри ја прашала Амбер дали Деп успеал во намерата да ја понижи пред целиот свет, како што ветил во СМС порака до негов пријател.
– Знам дека го вети тоа. Јас сведочев за тоа. Јас не сум добра жртва, разбирам. Јас не сум симпатична жртва, не сум совршена жртва. Но, кога сведочев, побарав од поротата да се обиде да види човек во мене и еве, се чини дека успеал во намерата – рекла таа.
На прашањето дали се чувствува нервозна додека зборува или размислува што смее, а што не треба да каже, таа одговори:
– Секако дека сум исплашена. Го земав здраво за готово она што го претпоставував дека е моето право на слобода на говор. Се плашам дека секој мој чекор може да биде нова можност да ме замолчи и претпоставувам дека за тоа служеше тужбата за клевета – изјави таа.