Амбер Херд проговори за „омразата и злобата“ насочена кон неа за време на судењето на Џони Деп, велејќи дека случајот е „неправедно претставен“ на социјалните мрежи.
Пред две недели, поротата одлучи дека нејзините наводи за семејна злоупотреба се лажни и претставуваат клевета.
Во првото интервју по пресудата, Херд вели дека не ја обвинува поротата што му верувала на нејзиниот поранешен сопруг.
Поротниците „слушаа непрекинати, немилосрдни сведоштва три недели“ за тоа „колку не сум кредибилна“, рече таа.
Ен-Би-Си објави дел од интервјуто во понеделникот, а остатокот ќе биде емитуван во текот на оваа недела.
Џони Деп доби многу поголема поддршка на социјалните мрежи за време на судењето,
Многу поддржувачи на актерот остро ја критикуваа Херд и нејзиниот кредибилитет.
„Не ми е гајле што мисли некој за мене или какви пресуди сакате да донесете за она што се случи во приватноста на мојот дом, во мојот брак, зад затворени врати“, изјави актерката за NBC.
„Не очекувам обичен човек да го знае тоа и не го сфаќам тоа лично“, додаде таа.
„Но, дури и да сте сигурни дека заслужувам толкава омраза, дури и да мислите дека лажам, сепак не можете да ме погледнете во очи и да ми кажете дека сум искрено претставена на социјалните мрежи.
„Не можете да ми кажете дека мислите дека ова е фер“, рече таа.
Судот одлучи на Деп да му биде исплатена отштета од 10,35 милиони долари, бидејќи е утврдено дека Херд го наклеветила под обвинение за семејна злоупотреба.
Во нејзина корист е пресудено по едно од обвиненијата и ќе добие отштета од два милиони долари.
Кога новинарката на NBC, Савана Гатри потсети дека поротата мислела дека Херд лаже, поранешната сопруга на Џони Деп остро одговорила.
„Како можеа да донесат пресуда, а не можеа да дојдат до тој заклучок?
„Седеа на тие столчиња и повеќе од три недели го слушаа непрекинато, безмилосно сведочење на платените вработени, а пред крајот на судењето, случајни непознати“, одговори Херд.
Како што додаде, ја разбира одлуката на судот.
„Не ги обвинувам, всушност ги разбирам – Деп е сакан, луѓето чувствуваат дека им е близок и тој е фантастичен актер“, рече таа.