Сведочењето на Амбер Херд за наводното злоставување кое го доживеала од нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џони Деп, предизвика големо внимание во јавноста.
Таа изнесе шокантни детали за се, а на драмата и нема крај.
„Во еден момент тој беше над мене, врескаше дека ме мрази и дека му го уништив животот, легнав на работната плоча и ме држеше за врат. Го гледав во очи. Се беше црно, никогаш не сум била толку исплашена во животот. Тој ме гледаше, се обидував да допрам до него, да кажам на некој начин дека сум јас, се обидував да дојдам до Џони. Ми ја удираше главата од задниот дел од шанкот и не можев да дишам. Се сеќавам дека се обидов да станам за да му кажам дека навистина ме повреди. Не можев да дишам. Не можев да допрам до него. Не можев да станам“, изјавила таа низ солзи.
„Не се сеќавам што кажав, само се сеќавам дека бев навистина мирна, дека не сакав да се движам. Се сеќавам дека гледав низ собата, ги гледав сите скршени шишиња, скршено стакло и се сеќавам дека не сакав да се поместам, затоа што не знаев дали е скршено, не знаев дали шишето што го имаше врз мене е скршено. Не чувствував болка, не чувствував ништо. Се сеќавам на повраќање, на звукот на мојот глас. Изгубив контрола над мочниот меур. Се сеќавам дека повраќав и имаше крв на подот“, продолжила Амбер.
Актерката исто така истакнала дека Деп е зависник и дека земал од осум до 10 таблети МДМА дневно.
„Тој потврди дека ја зел таа количина и дека може да земе толку, осум или 10. Знаеше да се јави на својот агент, потоа уште неколку луѓе и да им вика. Мислеше дека го крадат“, рекла Херд.