AMD го надмина Intel по пазарна капитализација

од Vladimir Zorba
257 прегледи

AMD ја надмина пазарната капитализација на конкурентот Intel.

Акциите на AMD пораснаа преку 3%, давајќи му на производителот на чипови пазарна капитализација од 153 милијарди долари. Intel падна за речиси 9%, а неговата пазарна капитализација беше 148 милијарди долари на затворањето на тргувањето во петокот, пренесe CNBC.

Промената е главно симболична, но означува многу поконкурентен пазар за компјутерски чипови и серверски чипови, каде што двете компании директно се натпреваруваат.

Пресвртницата, исто така, сугерира дека инвеститорите можеби повеќе го ценат производителот на чипови кој не инвестира многу во производството. Поточно, AMD производството го пренесува на надворешни фабрики за чипови, додека Intel рече дека планира да продолжи да гради своите фабрики.

Во последниве години, AMD чиповите станаа многу поконкурентни со производите на Intel во однос на перформансите, дури и ја надминуваат нивната брзина и ефикасност во некои ситуации.

Слични содржини