Амди Бајрам гарантира успешен референдум за промена на името

од Vladimir Zorba

Пратеникот Амди Бајрам на денешната собраниска седница порача дека дава гаранција од 72 до 75% оти референдумот за промена на името ќе биде успешен. Тој додаде дека Македонија не е само на Македонци, Турци и Албанци, туку и Босанци и Роми.

-Јас и ние ромите во Македонија сме секогаш лојални на државата каде што живееме. И за ова ќе гласам „за“, ќе гласа и Самка Ибраимовски, ги повикувам сите ромски партии да гласаат „за“ потпишаното. Ги повикувам на референдум сите Роми да дадат поддршка на референдумот. Оптимист сум дека ќе има поддршка референдумот, рече Бајрам.

Бајрам од собраниската говорница додаде дека го подржува договорот со Грција.

Слични содржини