Амел Чуриќ откри необична тајна по победата на „Икс Фактор“

од Vladimir Zorba
127 прегледи

Амел Чуриќ ја освои победата во втората сезона на регионалното шоу „Икс фактор“, благодарение на својот феноменален глас и харизма. Сепак, возможно е да во тоа му помогнала уште една работа, која рационално ни тој самиот не може да ја објасни.

x faktor amel foto promo_1000x0

„Имам една многу интересна приказна. Кога дојдов во Белград уште пред неколку месеци, откако започна шоуто, ми се случува постојано истата работа. Значи, како што реков, од првиот ден кога пристигнав во Белград, па сѐ до вечерва наоѓам ситни парички околу мене: во куќата каде бевме сместени, па потоа во продавница, кафуле, студио… Секогаш истата приказна. Погледнувам случајно во подот, па здогледувам паричка. После неколку дена го разбрав тоа како некаков знак, па почнав да ги собирам. Еве, и денес во Комбанк арената најдов книжна банкота, и еве, вечерва се случи победа“ раскажа Амел пред спрските медиуми смеејќи се.