Како што впрочем се одвиваше и целата втора сезона на регионалното шоу „Икс фактор адриа“, големото суперфинале донесе изненадувања, пресврти, разочарувања и задоволства.10367694_786338644820604_5777193093906987383_n

Некои за кои верувавме дека се потенцијални победници, како Магдалена на пример, беа совладани од тремата, па не се прикажаа во најдобро светло, но некои, како нашиот Боби, дури и со бронхитис, не ја изневерија публиката.

Па така според гласовите на публиката, по првиот пресек на гласовите во трката за регионална ѕвезда се најдоа Боби Мојсовски, Ива Чуриќ, Амел Чуриќ и Хајвеј Трио. Откако ги изведоа и своите втори песни, последните двајца суперфиналисти кои се бореа за победата беа Боби и Амел.630801_x-faktor-arena-finale-64210615ras-foto-vesna-lalic_f

 

Победата и наградата од 20.000 евра ги понесе Амел Чуриќ од Босна и Херцеговина кој беше дел од групата на Масимо и кој инаку веќе има победено на талент шоу пред дури 11 години.

„Победата ја посветивам на мојата девоја и семејството. Без оглед на моите години, а ги имам 34, чувстувам дека мојата кариера допрва започнува“ изјави Амел по прогласувањето на победата.

Слични содржини