По изведбата на првите избрани песни од суперфиналистите на „Икс Фактор“ пред големата публика во Комбанк арената, според испратените гласови „9 Control“ и Магдалена завршија со своето натпреварување.

Нашиот Боби, Ива, Амел и „Highway trio“ ќе изведат по уште песна, а линиите за гласови ќе останат отворени до избирањето на победникот.

Менторите Жељко и Александра веќе изведоа по една песна, а се очекува претставувањето на соработката помеѓу другите двајца судии -Масимо и Тончи. Покрај тоа, како специјални гости ќе настапат Јелена Розга и победникот на британскиот „Икс Фактор“, Џејмс Артур.

Слични содржини