Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на отворањето на Канскиот филмски фестивал

од Илинка Илиоска
10,9K прегледи

Холивудската ѕвезда Мерил Стрип вечерва ја доби почесната Златна палма на церемонијата на отворањето на 77-от Меѓународен фестивал во Кан, овековечувајќи го нејзиното „неизбришливо место во историјата на кинематографијата“, сопштија организаторите.

– Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, рече француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.

– Многу сум среќна што не сте уморни од моето лице, рече Мерил Стрип.

Вечерва во Кан почна 77-от Меѓународен филмски фестивал, кој ќе го одбележи враќањето на ѕвездите како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Кетрин Денев, додека 22 филма ќе се борат за наградата Златна палма.

Покрај Мерил Стрип, оваа година почесна Златна палма ќе добијат и креаторот на серијалот „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас, како и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Претседателка на жирито е Грета Гервиг, американска независна режисерка чиј филм „Барби“ заработи повеќе од една милијарда долари.

Слични содржини