Прекрасната Магдалена Богиќ настапи втора во суперфиналето на „Икс Фактор“ веднаш по отворањето на натпреварувачкиот дел од страна на нашиот Боби Мојсовски, но изгледа емоциите ја совладаа па го заборави текстот на почетокот на првата песна.2181781-marina

Таа настапи со микс од ”Read all about it” на Емили Санде и хитот ”We found love” на Ријана, но и покрај кратките две паузи за време на првата половина од настапот успеа да се врати во контрола и втората песна ја изведе без да се забележи било каква трема.

На 17 годишната Магдалена жирито ѝ порача дека треба да се гордее со себе бидејќи се справила со грешката како професионалец и навистина заслужува да биде дел од големото суперфиналето.630690_x-faktor-14-foto-tv-prva_ff

Потоа Магдалена изјави во бекстејџот дека всушност на почетокот не ја слушала матрицата на слушалката, и потоа и го заборавила текстот, но на крајот успеа да се претстави себе си во вистинско светло.

По неа настапија „Најн Контрол“ изведувајќи ја песната „Девојко мала“ сосема достоинствено оддавајќи му чест на неодамна починатиот актер Властимир Џузи Стојилкович.

Слични содржини